Спорт

Вардар не е меѓу десетте фаворити за трофејот во Лигата на шампионите

Пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, на официјалната страна на ЕХФ излезе листа на десет фаворити за освојување на трофејот, а на неа по долго време не е Вардар. Иако пред две сезони стана шампион на Европа, а во минатата играше на фајнл-фор турнирот во Келн, Вардар оваа сезона не е ниту меѓу десетте фаворити.

Тоа секако се должи на заминувањето на дел од клучните ракометари како и промена на тренерската позиција.

Главен фаворит годинава е Монпелје, а во најдобрите десет се уште и Рајн Некар, ПСЖ, Фленсбург, Барселона, Мешков Брест, Нант, ПИК Сегед, Веспрем и Кјелце.