Спорт

Томас Тухел на кормилото на ПСЖ

Томас Тухел на кормилото на ПСЖ

Германскиот стручњак, Томас Тухел, е новиот тренер на Пари Сен Жермен, соопштија од францускиот клуб. Тој вчера во Париз потпиша двегодишен договор и на клупата на ПСЖ ќе го замени Шпанецот, Унаи Емери.

Тухел последните две сезони беше тренер на Борусија Дортмунд, но поради несогласувања со раководството на клубот си поднесе оставка минатата година. Негова голема предност е тоа што течно зборува француски јазик и сака напаѓачки поставена игра, што оставило силен впечаток кај управата на парискиот клуб.

ПСЖ оваа сезона ја освои титулата во француското првенство, но челниците на клубот не го криеја разочарувањето од пласманот во Лигата на шампионите.