Спорт

„Татко ми ме дрогираше кога имав 12 години, а потоа лудував по станот“

„Татко ми ме дрогираше кога имав 12 години, а потоа лудував по станот“

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Ливерпул, Џермејн Пенант наскоро ќе објави автобиографија во која открива многу интересни детали од својот живот.

Една од најинтересните приказни се однесува за конзумирање на марихуана, за што Пенант вели дека пробал само еднаш и никогаш повеќе.

„Дрогата никогаш не ме привлекуваше, најверојатно поради луѓето кои ги уништи. Никогаш не сум се дрогирал, но еднаш пробав марихуана и тоа на 12 години. Мојот татко ми даде да пробам марихуана и по неколку минути дивеев во станот. Тоа беше лудило, а мојот татко се смееше и ми кажа дека тоа ќе ме научи на лекција“, вели Пенант.