Спорт

Стоилов се враќа на теренот наредната сабота против Кјелце?

Стоилов се враќа на теренот наредната сабота против Кјелце?

Капитенот на РК Вардар, Столе Стоилов полека ги надминува проблемите со повредата која ја заработи на мечот со ПСЖ во подготвителниот период за оваа сезона. Како што денес изјави тренерот на „вардарци“, Роберто Гарсија Парондо, се очекува брзо враќање на Сотилов на теренот.

– Стоилов работи, но невозможно е да игра овој викенд. Следната сабота против Кјелце би можеле да го имаме. Тој сака да се врати што е можно побрзо, но ќе мора да почекаме. Што се однесува до повредените ракометари, Мораеш и Борозан ќе бидат неизвесни до последен момент, но се очекува настап нивни со Р.Некар, истакна Парондо.