Спорт

Стерлинг веќе се извини: Дали е ова најлошата одлука во историјата на ЛШ? (видео)

Стерлинг веќе се извини: Дали е ова најлошата одлука во историјата на ЛШ? (видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа го декласираа украински Шахтјор, меѓутоа во центарот на вниманието се најде судијата Касаи кој што досуди контроверзен пенал за „граѓаните“.

Манчестер Сити во 24-та минута од натпреварот доби пенал откако Рахим Стерлинг самиот „заринка“ на тревникот. Судијата Касаи очигледно беше уверен дека имало контакт со противничкиот фудбалер, па покажа на белата точка.


– Не знам што се случи. Не почуствував никаков контакт, сакав само да ја шутнам топката и паднав. Му се извинувам на судијата, изјави Стерлинг по натпреварот.