Спорт

Си најде оправдување: На Мората му пречел дождот за да дава голови

Си најде оправдување: На Мората му пречел дождот за да дава голови

Влажниот терен била најчестата реална пречка пред напаѓачот на Челзи, Алваро Мората за да постигнува голови. Ова го изјави самиот фудбалер, во моментите кога почна полека да запишува и по некој погодок во дресот на лондонските „сини“.

– Имаше период кога врнеше редовно, а теренот беше влажен и не успевав да реализирам некои добри шанси. Се разбира, ова е само оправдување, но секој има лош период. Поентата е да се најде рамнотежата и јас сум многу задоволен што сè оди добро, вели Мората.

– Мислам дека сега се е добро и на психолошка основа. Минатата сезона бев во сериозна депресија поради моите настапи, но сега тоа е минато, додаде тој.