Спорт

Шпански „АС“: Конте ќе го замени Лопетеги во Реал Мадрид

Шпански „АС“: Конте ќе го замени Лопетеги во Реал Мадрид

Реал Мадрид најверојатно ќе направи промена на тренерската позиција, а за местото на Хулен Лопетеги главен фаворит е Антонио Конте, објави шпански „АС“. Лопетеги е под силен притисок по поразот од Алавес во саботата (1-0), што му е четврти „кикс“ во осум кола во Примера и по само четири месеци во Реал, на повидок е негов отказ.

Тимот на Реал не само што не победи на последните четири меча, туку нема постигнато ниту еден гол.

Инаку Конте е без ангажман уште од заминувањето од Челси од каде се уште добива плата поради предвремен раскин на договорот.

Шпанските медиуми објавија дека најголемиот тест Лопетеги ќе го има со Барселона, на средбата закажана за 28 октомври на „Камп Ноу“. Се шпекулира дека, доколку Лопетеги се уште е тренер до тој дуел, во случај на пораз од Каталонците, сигурно ќе биде отпуштен.