Спорт

Шпанска „Марка“: Барди рамо до рамо со Меси за слободни удари (видео)

Шпанска „Марка“: Барди рамо до рамо со Меси за слободни удари (видео)

Прекрасниот погодок од слободен удар на Енис Барди викендов повторно ја врати дебатата кој е најдобриот мајстор за прекини во Примера – тој или Лионел Меси.

Ваква дебата отвори престижниот весник „Марка“, кој го величи македонскиот репрезентативец и го сместува на самиот врв рамо до рамо со Меси. Сега играчот за врска на Леванте е на само еден гол од Аргентинецот во последните две сезони, но импресивна е неговата успешност. Имено, Барди има скоро три пати помалку обиди од ѕвзедата на Барселона за шесте гола од слободни удари во шпанскиот шампионат.

– Не копирам никого, имам свој начин на изведување слободни удари. Сум ги гледал Меси и Кристијано, тие шутираат одлично. Но никогаш не сум сакал да позајмувам техника од друг фудбалер. И јас шутирам добро и имам свој стил, вели Барди за својата техника на ударот.

Досега од ударот на Барди од слободен удар настрадаа Атлетик Билбао, Реал Сосиедад, Еибар, Гетафе, Депортиво Ла Коруња и Леганес.