Спорт

Само што потпишав за Манчестер јунајтед, добив куршим во глава – сега продавам леб (ВИДЕО)

Само што потпишав за Манчестер јунајтед, добив куршим во глава – сега продавам леб (ВИДЕО)

Парагвајскиот фудбалер Салвадор Кабањас бил на чекор од трансфер во Манчестер јунајтед, но бил ранет во глава. Тој бил еден од најдобрите напаѓачи во Јужна Америка кого влегол во судир со мексикански наркодилер, кој го ранил во еден ноќен клуб.

Парагваецот успеал да закрепне, дури и да му се врати на фудбалот две години подоцна, но никогаш не ја достигнал формата која го довела до вратата на „Олд Трафорд“.

-Потпишав преддоговор за 1,3 милиони фунти за трансфер во Европа. Ми рекоа дека одам во Манчестер јунајтед, раскажува Кабањас за „Телефутуро“ и додава: „Мојот тогашен клуб Америка двојно ми ја зголеми платата, ми даде стан во Акапулко и уште еден во Канкун за да ме задржи“.

Меѓутоа, на 25 јануари 2010 година, само два месеци откако со гол во Венецуела го одведе Парагвај на Светското првенсво, во еден клуб се судрил со најголемиот мексикански наркобос Хосе Гарза и добил куршум во главата. Судбината сакала 29-годишниот Кабањас да преживее, а лекарите и денес го сметаат за медицински феномен, зашто куршумот се уште му е во черепот.

Кога се случила трагедијата, Салвадор играл за Америка, во која дошол во 2006 година за три милиони евра по сезона, а една година подоцна прогласен е за најдобар играч на Јужна Америка.

До несреќата имал 44 настапи за Парагвај и дал 10 голови, а за петте клубови во кои играл постогнал 174 гола. Меѓутоа, по ранувањето се тргнало наопаку. Го оставила сопругата и си заминала со децата, му ја зела куќата вредна9 милиони евра.

-Кога играш, ѕвезда си, а кога не играш, никому не му е грижа за тебе. Тажно е. Бев идол во Парагвај, а никој од Сојузот или од репрезентацијата не ми помогна.

Салвадор му се вратил на фудбалот во 2012 година, но настапувал во третата лига на Парагвај, па единствена шанса за колку-толку пристоен живот му била да се вработи во пекарницата на татка си како разнесувач на леб.

-Луѓето ме препознавааат кога им разнесувам леб и ме прашуваат… Им велам дека сум среќен што воопшто сум жив и се обидувам да закрепнам. Се уште верувам иако се изгубив, вели Салвадор Кабањас.