Спорт

Реал М. „падна“ во Москва, Баерн задржан од Ајакс на „Алијанц“

Реал М. „падна“ во Москва, Баерн задржан од Ајакс на „Алијанц“

Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите откако го совладаа европскиот шампион, Реал Мадрид со 1-0 со гол уште на истекот на првата минута од првиот напад. Баерн Минхен киксна против Ајакс кој со бод (1-1) си замина од Алијанц Арена, а Рома го прегази шампионот на Чешка, Плзен со 5-0, а хет-трик забележа Един Џеко.

Тимот на Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи и на домашен терен одигра само 0-0 проитв Валенсија, а Лион во второто полувреме ја надокнади негативата од два гола против Шахтјор за конечни 2-2.

Бенфика забележа важна победа на гостувањето кај АЕК, каде со играч помалку преку Семедо успеја да постигне трет гол за конечни 2-3.