Спорт

Рајковиќ: Заминувам бидејќи не ме саа навивачите

Рајковиќ: Заминувам бидејќи не ме саа навивачите

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Емил Рајковиќ, повторно има одлична сезона во шампионатот на Полска каде што беше прогласен за тренер на годината. Неговиот Стал Остров продолжува со добрите резултати и е на чекор до пласман во финалето.

– Јас потекнувам од Работнички, каде минав 15 години како играч и уште две како тренер. Пред две години, откако претходно три пати добивав покани, решив да ја прифатам понудата од МЗТ Скопје. Сметав дека е тоа добра шанса. Сепак, се покажа дека на навивачите не им се допаѓаше тоа што сум од Работнички.

– Екипата се натпреваруваше во Еврокупот и во АБА лигата. Имавме серија врзани порази, од Црвена Звезда, Партизан, Цибона и од Цедевита. Чувствував дека навивачите се многу незадоволни и проценив дека останувањето ќе нема поента, вели Рајковиќ во интервју за полските медиуми.

Рајковиќ го презеде МЗТ Скопје Аеродром во 2016 година, но многу крато беше на кормилото на клубот. Кратко по заминувањето се врати во Полска.