Спорт

Раиконен стигна до пол-позиција на „Монца“

Раиконен стигна до пол-позиција на „Монца“

Лудите квалификации во „Монца“ донесоа многу возбудувања, а на крајот пол-позицијата ја освои Кими Раиконен за Големата награда на Италија.

Луис Хамилтон во последниот круг влезе со најдобро време, но на крајот го престигнаа двата возачи на Ферари.

Прво Себастијан Фетел стигна до првото место, но и неговата радост траеше неколку секунди бидејќи Раиконен со 1.19.119 стигна до пол-позицијата.

Зад нив двајца ќе стартуваат Хамилтон и Валтер Ботас од Мерцедес.