Спорт 09. November 2018. / 16:54

Потегот на Ријека го налути Ристовски: И тие на вас ќе ви честитаа… (фото)

Потегот на Ријека го налути Ристовски: И тие на вас ќе ви честитаа… (фото)

Синоќа тимот на Динамо Загреб обезбеди пласман во нокаут фазата во Лига Европа, а нивниот најголем конкурент во Хрватска, тимот на Ријека им честиташе на успехот преку социјалните мрежи.

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски беше еден од милениците на навивачите на Риека, „Армада“, па тој денеска ги собра уште еднаш симпатиите на приврзаниците, откако луто и иронично ја искоментира честитката од неговиот поранешен клуб кон загрепски Динамо.

– И тие на вас ќе ви честитаа, иронично прокоментирал Ристовски на Фејсбук како коментар на честитката на Ријека.