Спорт

Пол Погба: Морам да бидам уште порешителен

Пол Погба: Морам да бидам уште порешителен

Францускиот фудбалер, Пол Погба е една од најголемите фудбалски ѕвезди, но за да биде на врвот, според него, тој мора да корегира делови од својата игра.

Тој вели дека успехот со Франција на Светското првенство му дава дополнителна сила и енергија за работа, мотив да се докаже и ги освои останатите важни натпреварувања.

– Не сум задоволен, се уште сум многу гладен. Премиер лигата, Лигата на шампиони, ЕП и да бидам еден од најдобрите на светот. Сакам да оставам трага во историјата на фудбалот. Морам да бидам уште порешителен, да постигнам повеќе голови, изјавил Погба.