Спорт

Пацерот Муслера им обезбеди полуфинале на французите (ВИДЕО)

Пацерот Муслера им обезбеди полуфинале на французите (ВИДЕО)

ветскиот првак од 1998 година, Франција е првиот полуфиналист на 21-от Мундијал во Русија, откако „триколорите“ попладнево славеа со 2-0 против Уругвај во првиот четртфинален меч на шампионатот.

Франција не го надигра Уругвај, ама си ги искористи двата кикса на јужноамериканците за да дадат два гола и со тоа да бидат првите полуфиналисти на ова СП. Пет минути пред крајот на полувремето, Рафаел Варан со глава ја скрши уругвајската дефанзива за водство од 1-0, а Ентоан Гризман на половина час пред крајот со погодок благодарение на голманот Фернандо Муслера го дуплираше водството и практично стави точка на прашањето кој ќе оди во полуфинале од овој меч.

Муслера го направи најпацерскиот потег, сакајќи да ја одбие топката по ударот од 20 метри на Гризман, но наместо во корнер, топката заврши во голот и со тоа Франција ќе игра ново полуфинале, прво по 2006 година, кога „триколорите“ стигнаа до финалето.