Спорт

Огромен интерес за борбата на Кабиб и Мекгрегор, но цената на влезниците е – изгор!

Огромен интерес за борбата на Кабиб и Мекгрегор, но цената на влезниците е – изгор!

Конор Мекгрегор се враќа во рингот на дуелот против шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагодмедов.

Дуелот помеѓу двете ѕвезди во УФЦ ќе се одржи на шести октомври во Лас Вегас, а интересот за борбата е огромен.

Агенцијата за продажба на влезници добиваат многу резервации за дуелот, но цените на влезниците се неверојатно високи и се движат до – 2.000 долари.

Влезниците официјално ќе бидат пуштени во продажба на 15. август. Сепак, фактот дека голем број од нив е резервиран до вчера значи дека дополнително ќе ја крене нивната цена.

УФЦ сигурно ќе направи голем профит од борбата и од правата за пренос на дуелот. Првиот човек на организацијата, Ден Вајт очекува дека ова би можел да биде најпродаван настан и очигледно е дека Мекгрегор е одличен човек за правење на бизнис.

Кабиб во дуелот ќе ја брани титулата и за два месеци ќе дознаеме дали Мекгрегор ќе може да му го нанесе првиот пораз.