Спорт

Ниедна ТВ-куќа не сака да ја емитуваат Шкендија!

Ниедна ТВ-куќа не сака да ја емитуваат Шкендија!

Екипата на Шкендија ја освои титулата во мак-фудбалот и обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на шампионите, но сите љубители на фудбалот во нашата земја нема да имаат можност да ги гледаат натпреварите на тетовскиот тим во фудбалската елита.

Шкендија е редовен учесник од Македонија во европските купови во изминатите години, но оваа година, ниту една македонска ТВ-куќа не пројави сериозен интерес за натпреварите на тетовчани на европско тло.

Во првото коло од квалификациите за најквалитетното европско фудбалско натпреварување, Шкендија ќе игра против ТНС од Велс, а правата за овие натпревари ќе ги поседува албанската куќа „Суперспорт“.

Покрај за Шкендија, засега нема информации и за натпреварите на Вардар, Работнички и Шкупи во Европа, односно дали ќе бидат емитувани од страна на некоја од македонските ТВ-куќи.

Шкендија одигра доминантна сезона и ја обедини „двојната круна“ во македонскиот фудбал. Ќатип Османи заврши одлична работа со тимот во Македонија, а останува да видиме каква ќе биде сликата за Шкендија низ европската авантура. Две години по ред, Шкендија доаѓа до плеј-офот во Лигата на Европа, но на патот до групната фаза ѝ застанаа Гент и Милан.