Спорт

Неверојатна случајност: И Црвена Звезда и Ливерпул ќе слават јубилеј на „Маракана“

Неверојатна случајност: И Црвена Звезда и Ливерпул ќе слават јубилеј на „Маракана“

Фудбалерите на Црвена Звезда денеска во Белград од 18:55 часот ќе ја пречекаат екипата на Ливерпул во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите, во меч кој што ќе остане запишан во историјата на двата клуба.

Овој натпревар на „Маракана” ќе биде 300. настап за „црвено-белите” под капата на УЕФА и ФИФА натпреварувањата, односно во рамките од КЕШ/Лига на шампиони, Куп на УЕФА/Лига Европа, Куп на победници на Купови, Суперкуп на Европа и Интерконтинентален куп.

Звезда во КЕШ (Купот на Европските шампиони) и ЛШ одиграла 123 натпревари и овој против Ливерпул ќе биде 124-от по ред.

Од друга страна, Ливерпул против Црвена Звезда ќе го одигра својот 200. меч во КЕШ/Лигата на шампионите. Натпреварувањето кое Редси го освојувале пет пати во историјата, а последен пат уште од 2005. година. Оттогаш беа двапати во финалето и двата меча ги загубија, еднаш од Милан (2-1) и претходната сезона од Реал (3-1).