Спорт

Навивачите разочарани: Руските бордели под клуч за време на СП

Навивачите разочарани: Руските бордели под клуч за време на СП

Странските навивачи кои ќе допатуваат на Светското првенство во Русија доживеаа невиден шок, откако дознале дека руските власти и полицијата ги затвориле сите бордели во земјата за време на Мундијалот.

Странците очекувале дека покрај фудбалската возбуда, ќе имаат луди забави по борделите со убави Русинки, но од тоа сега нема да има ништо. Сепак, неколку бордели ќе работат и тоа само за луѓе со подлабок џеб и тоа само затоа што имале врски со полицијата.

„Најголемиот дел од борделите ќе бидат затворени, а ќе работат само тие што се поврзани со полицијата“, рекла Ирина Маслова, шеф на организацијата која се бори за права на сексуалните работнички.

Инаку проституција во Русија не е дозволена на улица, како и организирање на проституција, а интересно во Москва е отворен бордел за секс со – робот.