Спорт

Најдовски и Мицевски се новите засилувања во Вардар

Најдовски и Мицевски се новите засилувања во Вардар

Дарко Мицевски, играчот за врска кој досега играше во Неџмех (Либан) и Филип Најдовски кој досега настапуваше за Победа, ќе бидат првите летни засилувања во редовите на Вардар.

Веќе се знае дека екс шампионот во иднина ќе има драстично изменет состав, најголем број од досегашните играчи веќе си заминаа. Се преговара и со Михаил Маневски и Влатко Стојановски, како и со некои други помлади играчи.