Спорт

Најдобриот фудбалер на денешницата бил продаден за комплет дресови и 20 топки

Најдобриот фудбалер на денешницата бил продаден за комплет дресови и 20 топки

Кристијано Роналдо моментално е најпопуларниот фудбалер и спортист во светот воопшто (според социјалните мрежи). Тој е петкратен освојувач на Златната топка за најдобар светски фудбалер и е еден од најплатените спортисти.

Моментално околу него се вртата милиони, бидејќи летово премина од Реал Мадрид во Јувентус за 105 милиони евра, а ќе има годишна плата од 30 милиони евра. Претходно по трансферот од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид го држеше и светскиот рекорд за најскап фудбалер, но тоа подоцна го срушија неколку фудбалери.

Интересна е приказната за првиот трансфер на Кристијано Роналдо. Не оној од Спортинг Лисабон во Манчестер јунајтед, туку буквално првиот кога имал само 10 години. Своите први фудбалски чекори Португалецот ги направил во локалниот клуб Андориња во 1992 година, а три години подоцна во далеку поголемиот клуб од Мадеира, Насионал.

Претседателот на Андориња раскажува како го продал Роналдо во Насионал и за која цена. Иако луѓето од клубот знаеле дека тогаш 10-годишниот фудбалер е талентиран, не ни сонувале дека ќе биде најдобар на светот.

„Можеби 20 топки и 12 комплети дресови е премала цена за еден Кристијано Роналдо, но тогаш кој би помислил дека тоа 10-годишно момче ќе има ваква кариера. Не се каам, туку сум горд што бевме дел од неговиот фудбалски развој. Откако премина во редовите на Манчестер јунајтед сфативме колку е вреден. Навистина ја направи Португалија горда“, изјави претседателот на Андориња, Руи Сантош.

Роналдо во Насионал тренирал само две години до 1997 година, а потоа преминал во редовите на лисабонскот гигант Спортинг Лисабон.