Спорт

Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)

Навивачи на Пари Сен Жермен и на Црвена ѕвезда жестоко се судрија пред стадионот „паркот на принцовите“ веднаш по завршувањето на натпреварот од вториот круг во Лигата на шампионите, што парижаните го добија убедливо со 6:1.

Според неофицијални процени, повеќе од 350 навивачи беа вклучени во масовната тепачка. Полицијата реагираше и употреби палки да ја смири ситуацијата.

Во еден момент се слушнала и експлозија од топовски удар.

Според првичните информации, нема извештаи за повредени лица.