Спорт 23. ноември 2018. / 18:22

Мане го продолжи договорот со Ливерпул: Ја донесов најдобрата одлука во кариерата

Мане го продолжи договорот со Ливерпул: Ја донесов најдобрата одлука во кариерата

Сенегалецот Садио Мане останува во Ливерпул најмалку до 2023 година – соопшти клубот од „Енфилд“. Мане го продолжи договорот со „црвените“ и со тоа се отфрлени шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

– Ја донесов најдобрата одлука во мојата кариера. Се наоѓам во вистински клуб со вистински тренер. Уште кога ја добив првата шанса да дојдам во Ливерпул, не размислував многу, изјави Мане.

Тој, заедно со Салах и Фирмињо, се ударното напаѓачко трио на Ливерпул. Сезонава Мане има постигнато шест погодоци.