Спорт

Манчестер Сити е првиот тим со освоени 100 бода во Премиер Лигата

Манчестер Сити е првиот тим со освоени 100 бода во Премиер Лигата

Драмата во последното коло од сезоната во Англија се случуваше на Сент Мерис каде Манчестер Сити со гол во 94. минута стана првиот клуб во историјата кој освоил 100 бода во Премиер лигата.  Во пресрет на последното коло, непознати беа само две работи, коj ќе биде последниот патник во Лигата на шампионите и кој ќе им се придружи на Стоук и ВБА во втората лига.

Овие дилеми беа рано решени откако Ливерпул по еден час игра имаше предност од 3-0 против Брајтон, а со ист резултат Челси губеше на гостувањето кај Њукасл. Слично беше и во битката за опстанок, Свонси мораше да победи за да има било какви шанси но „Лебедите“ губеа на полувреме со 1-2 во дуелот со отпишаниот Стоук.

Вистинската драма се случуваше на Сент Мерис, каде Манчестер Сити постигна гол во 94. минута и стана првиот клуб во историјата кој освоил 100 бода во Премиерлигата. Херој на „Граѓаните“ беше Габриел Жесус, кој го лобуваше голманот на Саутемптон по една одлична долга топка на Де Бруин.