Спорт

Македонските легенди во исти дрес – Тоше и Перо, повторно заедно

Македонските легенди во исти дрес – Тоше и Перо, повторно заедно

Македонските кошаркарски легенди, Тодор Гечевски и Перо Антиќ, вчера настапија во дресот на легендите на Работнички, на хуманитарниот натпревар во салата „Градски парк“, за помош на Ирена Танчева.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева, како и на телефонските броеви 070 143 115 (Т-Мобиле) и 143 500 (ВИП/Оне). Ирена е мајка на две деца и мора да се оперира во Русија.

Последниот пат кога двајцата играа во истиот дрес, Македонија настапи на континенталниот собир 2013-та година во Јесенице, Словенија.

(извор – Basketball.mk)