Спорт

Maкедонка го освои Ролан Гарос

Maкедонка го освои Ролан Гарос

Победничката на вториот Гренд слем турнир годинава “Ролан Гарос”, e со македонски корени, дознава романскиот весник “Sportnews.ro”.

23-годишната Симона Халеп, има македонски, поточно влашки корени, а изворот за романскиот весник вели дека таа потекнува од најсилната и најпочитувана гранка на Македонците во Романија, Ципани.

Изворот од романскиот град Констанца, кој сакал да остане анонимен, објаснил зошто Ципаните се сметаат за најсилните претставници на етничката група:

“Тие се најмоќните Македони. Тие се силни и почитувани од целата наша заедница. Не затоа што се богати, туку затоа што ги чуваат традициите на Македонците и никогаш не отстапуваат од нив”, вели изворот за “Sportnews.ro”.

Човекот понатаму објаснил дека Симона никогаш нема да се омажи со романско или момче од друг дел од светот.

“Taa ќе ја следи семејната традиција и ќе го одбере својот сопруг од македонско потекло”, додава тој.