Спорт

Македонија со најдобар пласман на ФИФА-листа

Македонија со најдобар пласман на ФИФА-листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок на најновата ФИФА-листа и сега се наоѓа на 71. позиција меѓу светските репрезентации.

Избраниците на Ангеловски не играа натпревари во мајскиот и јунскиот термин, но останатите резултати ни одеа во прилог.

Националниот тим напредуваше шест места и на листата е веднаш зад домаќинот на Мундијалот, Русија, селекција која доживеа пад од четири места. За Македонија ова е најдобар пласман по 2010 година.

Меѓу најдобрите репрезентации нема промени – Германија, Бразил и Белгијасе ТОП-3, додека единствената промена меѓу најдобрите десет е напредокот на Полска од две места, која сега е осмопласирана.