Спорт

Лорис казнет со 50 000 фунти и 20 месеци забрана за возење откако беше фатен пијан зад волан

Лорис казнет со 50 000 фунти и 20 месеци забрана за возење откако беше фатен пијан зад волан

Хуго Лорис, голманот на актуелниот светски шампион Франција и чувар на мрежата на Тотенхем, е казнет со 50.000 фунти и забрана за возење од 20 месеци откако беше фатен како вози пијан.

Лорис на 24. август во раните утрински часови при рутинска контрола бил запрен од полицијата во Лондон и му било утврдено дека го управува возилото под дејство на алкохол и против него беше подигнато обвинение.

Францускиот голман денес на судот во Ветминстер ја призна вината.