Спорт 26. ноември 2018. / 16:50

Кошмарен старт на „кралевите“: Ова е најлошиот Реал во последната деценија

Кошмарен старт на „кралевите“: Ова е најлошиот Реал во последната деценија

Иако лани заврши со неверојатни 17 бода негатива во однос на Барселона, најлошиот Реал го гледаме во оваа сезона од Ла Лига.

Статистиката вели дека во досегашниот дел европскиот првак прими 19 гола, односно по 1,46 на натпревар. Такво нешто не се случило од сезоната 2008/09 кога тренер беше Бернд Шустер кој подоцна доби отказ, а сезоната ја заврши Хуанде Рамос. Тогаш Барселона ја освои тројната круна откако го демолира Реал со 2-6 на Бернабе.

Позитивната околност за Реал е тоа што и покрај катастрофите што го доживеа досега сезонава, уште бодовно не е далеку од врвот на табелата. Заостанува само пет бода зад Барселона и шест од лидерот Севиља, а тукушто помина третина од првенството.