Спорт

„Ќе ти ги скршиме колената ако потпишеш за Партизан!“

„Ќе ти ги скршиме колената ако потпишеш за Партизан!“
kosarkas Crvene zvezde na utakmici Jadranske ABA lige protiv Parizana u hali Pionir, Beograd 29.01.2018. godine Foto: MN PRESS Kosarka, Crvena zvezda, Jadranska ABA liga, Partizan

Навивачите на Црвена звезда деновиве распалија по социјалните мрежи, постирајќи лавина навреди на сметка на кошаркарот на овој тим, Стефан Јанковиќ, кој е поврзуван со скорешен трансфер во најголемиот ривал, Партизан.

Тој сѐ уште треба да одработи две години од договорот со црвено-белите, но не е задоволен од минутажата поради што сака да го напушти овој тим. Ц. Звезда би се задоволила со отштета од 300.000 евра, пари кои црно-белите ниту во сон не сакаат да ги платат. Но и покрај тоа што шансите за ваков трансфер се мали, фановите на црвено-белиот тим почнаа жестоко да го навредуваат Јанковиќ, па дури и да му се закануваат.

„Јанковиќ ќе биде со скршени колена и на патерици ако потпише за Партизан, а со кренати раце и пехар во нив ако остане во Звезда. Значи, изборот е лесен“, е еден од најострите коментари.

Има и такви кои не сакаат тој да се врати во нивната екипа, со оглед на изразената желна да премине кај омразениот сосед.

„Слободно нека му покажат кон вратата и да му кажат: Мрш, гнидо“, вели друг навивач на белграѓани.

Според пишуваното, од овој потенцијален трансфер не се одушевени ниту цррно-белите навивачи, кои не му го забораваат вербалниот дуел со Новица Величковиќ во полуфиналето од српскиот плејоф. Јанковиќ во моментов е во Канада, каде што е роден и нема никаков коментар за жешката ситуација која ја запали кошаркарска Србија.