Спорт 17. октомври 2018. / 17:54

Kако тренерот на Нурмагомедов го „искрши” Конор (ВИДЕО)

Kако тренерот на Нурмагомедов го „искрши” Конор (ВИДЕО)

Се појави ново видео кое најдобро покажува што навистина се случи во „октагонот” после спектакуларната борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во Лас Вегас. Хабиб триумфираше во „борбата на векот”, и ја одбрани титулата на шампион на светот во УФЦ во лесна категорија. Но овој спектакл ќе остане запаметен и по инцидентите кои се случија веднаш по завршувањето на борбата.

За потсетување, веднаш после предавањето на Ирецот, Хабиб ја прескокна оградата и се нафрли врз членовите на тимот на Мекгрегор. И додека целото внимание беше усмерено кон Нурмагомедов, дојде до жестока пресметка на самиот терен. Тренерот на Хабиб брутално навали на Мекгрегор, и му зададе неколку сериозни удари…