Спорт

Јувентус до лесна победа против Јанг Бојс, Силва обезбеди 3 бода за Сити кај Хофенхајм

Јувентус до лесна победа против Јанг Бојс, Силва обезбеди 3 бода за Сити кај Хофенхајм

Пауло Дибала постигна хет-трик во победата на Јувентус над Јанг Бојс од 3-0, а Манчестер Сити конечно доби натпревар во Лигата на шампионите откако со гол во финишот на Давид Силва триумфираше на гостувањето кај Хофенхајм со 1-2.

Италијанксиот шампион лесно стигна до победата, а уште по првите 45 минути беше 2-0 со головите на младиот Аргентинец. Дибала го комплетираше својот хет-трик во вториот дел по едно додавање од Квадрадо.

Англискиот шампион пак стигна до трите бода потешко од очекуваното на гостувањето кај Хофенхајм, каде по само неколку минути имаа негатива од 1-0. Агуеро за кратко израмни со гол во 8, минута, а по една грешка во одбраната, Давид Силва обезбеди победа за „граѓаните“.