Спорт

Игор Стефановски-Иџе: На домаќинот изгледа ќе му пречеше да се вее македонското знаме!

Игор Стефановски-Иџе: На домаќинот изгледа ќе му пречеше да се вее македонското знаме!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе иако имаше најдобро време на  квалификации за трката во ТЦР Италија, која се возеше на „Монца“,  не успеа повторно да ја израдува нацијата со нова победа.

На двете трки најбрзи беа домашните натпреварувачи Салваторе Тавано и Луиџи Ферара, а Иџе преку Фејсбук им се обрати на своите фанови, критукувајќи го организаторот на трката, кој како што вели тој поради банална казна не му дозволи да се искачи на подиумот, а можеби и да победи.

„Ова е дел од мојот тим, ова се луѓето кои се жртвуваат на сите трки низ мојата кариера и овој пехар што денес ми го зедоа за прво место требаше да им го доверам ним. Затоа што тоа го заслужија покрај сите тешкотии кои ги имавме оваа сезона. Овој викенд докажавме дека сме тим кој може да им парира на најдобрите и жал ми е што добивме банална казна, која само организаторот знае за што е дадена. Можеби ќе им пречеше покрај толку силни италијански тимови да го развиоревме македонското знаме! Благодарност до сите спонзори, кои се со мене и сите луѓе кои ми ја даваат поддршката да можам да го живеам мојот сон. Се гледаме наскоро на подиум“, напиша Стефановски.