Спорт

Го прекина мундијалското финале, па преку ноќ ослепе, занеме и остана парализиран!?

Го прекина мундијалското финале, па преку ноќ ослепе, занеме и остана парализиран!?

Пјотр Верзилов е момчето кое за време на Светското првенство во Русија го прекина мундијалското финале, како член на групата Пуси Рајот. Верзилов влезе во теренот облечен како регуларен полицаец, па во еден момент се најде во клинч со хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен.

Како што објави агенцијата „Асошиетед прес“ повикувајќи се на информации од руските медиуми, Верзилов сега е хоспитализиран во една болница поради можно труење. Како што објавија „Ехо Москва“ и „Медуза“ во вчеравечер, тој се наоѓа на интензивна нега од вторникот доцна вечерта.

Инаку медумите ја цетираат членката на руската панк-група Пуси Рајот, која постојано протестира и прави „инциденти“, Вероника Никулшиња дека Верзилов преку ноќ прво го загубил видот, па потоа занемел (ја изгубил способноста да говори) и на крај останал неподвижен.

Никулшина потенцирала и дека Верзилов се лешел во една токсиколошка болница во Москва, а сега на интензивна нега завршил откако сведочел на судско рочиште против неа. Овој двоец заедно со уште неколку други активисти отслужија двонеделни затворски казни поради прекинот кој го направија на СП во Русија.

Објавија дека прекинот го направиле поради прекумерното полициско овластување во Русија. Во август 2012, членките на бендот Марија Аљохина, Надежда Толоконикова и Екатерина Самутесвич беа осудени на по две години затвор поради хулиганизам потикнат од верска омраза, откако изведоа „панк молитва“ во црквата „Христос Спасителот“ во Москва, каде од Богородица барале да го земе Владимир Путин.

Пуси Рајот е голем противник на рускиот претседател, па многумина се сомневаат дека труењето на Верзилов е поврзано со руските служби. Верзилов и Толоконикова се инаку во брак.