Спорт 15. ноември 2018. / 16:41

Го чека нова пауза: Менди повторно го оперираше коленото

Го чека нова пауза: Менди повторно го оперираше коленото

Манчестер сити објави дека левиот бек, Бенџамин Менди е успешно опериран во клиника во Барселона. Тој имаше проблеми со левото колено и мораше да замине ’под нож’. Клубот не објави колку Французинот ќе треба да паузира, но се претоставува дека ќе го нема најмалку 2 месеци на фудбалските терени.

Менди претходно имаше и операција на вкрстените лигаменти на десното колено и паузираше од септември 2017 година се до април оваа година кога се врати на теренот. Но, сега повторно мораше да замине на операција.

– Левото колено беше љубоморно на десното по првата операција. Се мина во најдобар ред, наскоро ќе се вратам, но ќе треба да најдете нов капитен за „Фантази“ во следниот период, се пошегува Менди во својот прв пост на социјалните мрежи по хируршкиот зафат.