Спорт

Гигс: Ова е тешко време за Јунајтед, но Мурињо треба да остане

Гигс: Ова е тешко време за Јунајтед, но Мурињо треба да остане

Манчестер Јунајтед има слаб старт на сезоната, а под голем притисок се наоѓа менаџерот на тимот, Жозе Мурињо кој е во конфликт со неколкумина од фудбалерите. Јунајтед доживеа елиминација од Лига купот, во домашното првенство има само 10 освоени бода по седум кола и е на 10 место на табелата, додека пак единсивена позитивна точка засега е ЛШ каде со 4 бода е на второто место во групата Х.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ се разочарани и бараат одговорност од управата, но и од Мурињо кој од многумина е посочен како главен виновник за лошите резултати.

Сепак, една од легендите на клубот, Рајан Гигс има поинаков став и смета дека Мурињо треба да остане на кормилото затоа што Јунајтед ќе си направи дополнителни проблеми ако го отпушти.

– Не, не треба да биде отпуштен. Тие минуваат низ тежок период во моментот. Реков и минатиот пат, каде тие одат? Ако сега направат промена тоа значи дека веројатно ќе бидат во истата оваа позиција една или две години. Проблемот на крајот е планирање напред. Значи, почекајте, ова е тешко време, но мојот став не е променет. Верувам дека треба да ја задржи својата работа, изјавил Гигс.