Спорт

Џон Тери ја заврши својата фудбалска кариера

Џон Тери ја заврши својата фудбалска кариера

Поранешниот капитен на англиската репрезентација и на тимот на Челси, Џон Тери одлучи да ја заврши својата кариера на 38-годишна возраст. Договорот на Тери со англискиот второлигаш Астон Вила истече летото. Тој имаше понуди од Спортинг Лисабон, Спартак Москва и неколку клубови од Кина, но се реши да стави крај на професионалното играње фудбал.

Тери сака да се посвети на тренерската работа, а се шпекулира дека во Астон Вила би можел да почне како асистент на тренер.

Зад себе Тери има 23 години во англискиот фудбал од кои 22 во дресот на Челси. Со „сините“ од Лондон освои пет титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, четири ФА купа, и три Лига купа.

Со 717 одиграни натпревари е трет на вечната листа по број на настапи за Челси. Џон Тери има одиграно 78 натпревари за Англија.