Спорт

Далиќ: Еднаш животот ти пружа шанса да играш финале на СП

Далиќ: Еднаш животот ти пружа шанса да играш финале на СП

Хрватскиот селектор Златко Далиќ по вчерашниот триумф над Англија и не проспиената ноќ се појави пред новинарите, кои го дочекаа со аплауз. Хрватскиот „изборник“ зборуваше за состојбата во репрезентацијата.

– Со пласманот во финалето испишавме историја, како најмала земја која по Уругвај ќе игра во финалето на СП. Кога ќе погледнете во какви услови работиме и егзистираме тогаш ова е светско чудо. За три месеци против Англија играме во Лигата на наци, но ние во Хрватска немаме каде да го играме тој натпревар. Немаме вистински стадион. Но, затоа имаме срце, гордост, вистински играчи,… Ова е еден од најголемите успеси на Хрватска како држава.

За неделното финале со Франција, Далиќ истакна:

– Во финалето ќе играат двете најдобри репрезентации на Светското првенство, кои се таму сосема заслужено. Ова за нас ќе биде најтежок ривал и противник. Французите знаат да ја чуваат предноста, да ја бранат, опасни се во контри. Гризман и Мбапе се опасни и покажаа квалитет, единство, висок пресинг. Финале е мора и мора да бидеме подготвени, можеби еднаш во животот имаш шанса да играш финале на СП, ќе биде тешко, но ќе имаме сили и мотиви. Сепак Франција е во предност.

За изборот на играчите Далиќ само додаде дека неговите играчи знаат кои ќе бидат стартери, а составот не го соопштува во јавност бидјќи има 22 врвни играчи.