Спорт

Черишев ослободен од обвиненијата за допинг

Черишев ослободен од обвиненијата за допинг

Рускиот фудбалер Денис Черишев е ослободен од обвиненијата за допинг, откако од Анти-допинг агенцијата на Шпанија не откриле никаков прекршок. Фудбалерот на Виљареал, кој сезонава е позајмен во Валенсија, се најде под истрага откако неговиот татко открил дека користел хормон за раст.

Подоцна, Дмитри Черишев, тврдел дека новинарите погрешно ја цитирале неговата изјава. Поради изјавата била покрената истрагата, која на траеше долго. Шпанската анти-допинг агенција објави дека по неколку дена дека истрагата е затворена дека фудбалерот е „чист“.

Черишев беше дел од руската репрезентација која на Светското првенство стигна до четврт-финалето. На Мундијалот тој постигна четири гола.