Спорт

Челси минимално го совлада ПАОК, Марсеј изненаден на домашен терен

Челси минимално го совлада ПАОК, Марсеј изненаден на домашен терен

Екипата на Челси на отворањето на новата сезона во Лига Европа, минимално со 0-1 го освлада ПАОК на гостински терен. Трите бода за „сините“ ги обезбеди Вилијан со гол по една добра акција во 7 минута. До крајот немаше промени на резултатот и покрај неколкуте шанси на Англичаните да го зголемат водството.

Олимпик Марсеј пак имаше лош почеток на својата кампања во ова натпреварување откако на домашен терен загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 1-2. Домаќините рано го отворија резултатот преку Окампос, а Германците пресвртот го направија во второтот полувреме со головите на Торо и Јовиќ.