Спорт

Балотели сам си се понуди на повратникот во Серија А!

Балотели сам си се понуди на повратникот во Серија А!

Марио Балотели летово стана слободен играч, а италијанските медиуми пишуваат дека Италијанецот сака да игра за Парма.

Парма се врати „од мртвите“, по банкротот и преселбата во најнизок ранг, па по неколку сезони повторно се врати во елитата.

Тие се засилија со неколку играчи за да бидат конкурентни во Серија А, а сигурно дека пристигнувањето на темпераментниот Балотели би им донел уште поголем квалитет во екипата.

Долго време се поврзуваше Балотели со голем број италијански тимови, а најблиску беше до трансфер во Олимпик Марсеј, но нивниот договор пропадна.