По заминувањето на Арпад Штербик на крајот на минатата сезона од тимот на Вардар, македонскиот шампион летово остана и без Србинот Страхиња Милиќ, па остана отворено прашањето кој ќе биде идниот голман на вардарци.
Во јавноста циркулираа неколку имиња деновиве, а меѓу нив најсилна беше шпекулацијата за голманот на Пуенте Ксенил, Алжирецот Калифа Гедбан.
Неговиот клуб денеска преку својата официјална страна ги информираше фановите и јавноста дека е постигнат договор со Вардар и дека Гедбан се сели во Скопје. Вардар се согласил да го плати бараниот износ, односно договорната клаузула која ја има Гедбан во неговиот договор.