Спорт

Адеми по победата над Андерлехт: Покажавме дека сме вистински европски тим

Адеми по победата над Андерлехт: Покажавме дека сме вистински европски тим

Македонскиот репрезентативец и капитен на загрепски Динамо, Аријан Адеми ја коментираше големата победа на гостувањето во Брисел против Андерлехт. Играчот од средниот ред, кој доби повик и од селекторот Игор Ангеловски за претстојните натпревари со Лихтенштајн и Ерменија, истакна дека Динамо Загреб е вистински европски тим.

– Доста сме добри, бевме вистински од првата минута, покажавме дека сме вистински европски тим и заслужено славевме победа. Многу сме среќни поради победата. Ја остваривме нашата цел и одигравме одличен натпревар. Покажавме каков гард треба да има Динамо, можевме да постигнеме уште некој гол. Имавме многу прилики, тоа е феноменална статистика- колку удари имавме кон противничкиот гол, коментираше Адеми.

Динамо Загреб не важеше за фаворит во групата со Андерлехт и Фенербахче, но по првите две кола има максимални шест бода, надигрувајќи ги Белгијците и Турците.