Македонија 21. октомври 2019. / 13:29

Волкот што се колне дека нема да го изеде јагнето и Заев кој се колне дека нема да бара поткуп

Волкот што се колне дека нема да го изеде јагнето и Заев кој се колне дека нема да бара поткуп

,, За да немаме корупција, треба да престанеме да нудиме и прифаќаме поткуп ”. Ова не се зборови на млад и просперитетен политичар, обвинител или судија, ова се зборови верувале или не, на Зоран Заев – аболициран криминалец за криминал од 8 милиони евра, кој од позиција на градоначалник на Струмица бараше поткуп од 200.000 евра, по принципот ,, евро за Вицето, евро за црквата” па уште фалајќи се дека тоа било пракса за сите кои сакале да легализираат земјиште во Струмица.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Да, човекот кој најверојатно го изрекетирал цел бизнис сектор во Струмица, кој криминалната шема од Струмица ја префрли на територија на цела Република Македонија, сега плаче, моли за довербата на граѓаните, истите оние граѓани на кои им смени име на држава, им ја продаде историјата, им ги изрекетира бизнисите, им воведе повисоки даноци, и нанесе уште милион штети врз Македонија. Смешно е, но и провидно очајно.

Овие зборови се зборови на очајник кој знае дека тоне, па во стилот на волкот кој фатен за гранка да не падне во провалија му вика на јагнето спасиме нема да те изедам. Ниту волкот нема да го изеде јагнето ако го спаси, ниту Заев нема да го рекетира и тероризира народот ако биде премиер.

Видовме што ков е. Видовме дека не го бива. И него, и неговата екипа. Го видоа и странците и затоа и немаме датум. Немаме датум зошто во Македонија под закрила на структури од власта се случувала најголемата криминално рекетарска афера во историјата на државата, зошто СЈО институција која требаше да гони криминал се впуштило во криминал, немаме датум и заради целокупниот криминал кој се случува на сите нивоа на власта. И тоа може да се смени само доколку Заев си замине од власт, а ќе си замине и тоа и сам го знае. Затоа таа бледа пресконференција од влада, со натажен лик.

Паѓаат. И тоа е зракот светлина кој го најавува утрото. Доаѓа нов ден за Македонија. Доаѓа обнова. Во периодот што иде секој еден човек треба и може да се вклучи во овновата. Вклучете се во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, за заедно по изборите да ја градиме државата онака како што треба.