Некатегоризирано 01. август 2020. / 20:35

Во БиХ овен уби овчар

Во БиХ овен уби овчар

Богдан Мариќ (68), сточар од Дервента, Босна и Херцеговина, им подлегна на повредите во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука здобиени од тешки рани настанати од убоди што му ги нанесол неговиот овен.

Како што пренесуваат босански медиуми, угледниот домаќин, кој има сопруга, син и три ќерки, настрадал во се’ уште нерасветлени околности на неговиот имот во близина на Дервента.

Богдан, додека бил при свест, само на сопругата и на соседите кои дошле брзо успеал кратко и со маки да им рече дека го нападнал овенот. Потоа бил пренесен во болницата во Добој, а потоа и во Бања Лука, каде што починал.