Македонија 29. септември 2019. / 21:17

Тивка вода брег рони

Тивка вода брег рони

Актуелни се анкетите кои ја мерат поддршката на партиите кај граѓаните, кај сите од нив веќе имаме една константа, тоа е предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Граѓаните во големо мнозинство без страв кажуваат дека доколку утре се одржат избори, нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ, со голем број на граѓани кои остануваат неизјаснети и рапиден пад на гласови кај СДСМ.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Големиот процент на граѓани кои не се изјаснуваат кого поддржуваат е поради страв од насилничката власт, која со закана и репресија владееше изминативе три години, тие граѓани се како тивка вода, која е длабока и огромна и само прашање на време е кога ќе го изрони брегот, во нашиот случај заканувачот – СДСМ.

Кога во период на една година пред избори имаме толкава разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ, можете да претпоставите што ќе се случува во периодот што следи.

Почетокот на преговорите за влез во ЕУ, процес кој можеби ќе го отпочнеме, нема да влијае на резултатите, ниту може да и помогне на власта од две причини, прво за интеграција и приближување до европските стнадарди е потребна работа и посветеност, исполнување на критериуми и почитување на закони, секако овие работи и баш и не и одат од рака на власта, и второ подобрување на живеачката кај народот нема да има веднаш, може да има за неколку години, доколку власта се посвети на работа но не и сега. Во ситуација со СДСМ на власт ќе ја доживееме судбината на некои држави членки на ЕУ од нашето опкружување, кои иако членки на Унијата имаат подпросечен стандард, а иселувањето им е огромно.

Оттука е сосема јасно, Македонија може да види бенефит од пристапните преговори, само доколку со неа управува технократска, напредна и работлива влада, а не влада предводена од Заев и екипата, кои, ако ги собереме последните скандали кои протекоа во јавност има сомнеж дека направиле криминал од над 100 милиони евра за краток период, велам 100 милиони евра, од тоа што го гледаме и слушаме по медиумите. Вистинската цифра за грабежот кој ни го приредија ќе ја откриеме дури по промената на власта. Ми е страв дека бројките ќе не шокираат.

И да, криминалот, корупцијата, националните предавства се тие три суштински работи кои ја доведоа Македонија до ова дереџе на кое што е денес, и поради тоа рејтингот на СДСМ рапидно паѓа, се топи… и во периодот кој следи дополнително ќе се топи.

Граѓаните кои не се изјаснуваат, се повеќе ќе се охрабруваат, а на денот на избори верувајте СДСМ го очекува дебакл.