Uncategorized 16. April 2019. / 20:39

Шокантни детали: Противпожарниот аларм се вклучил два пати во Нотр Дам, но веќе било доцна!

Шокантни детали: Противпожарниот аларм се вклучил два пати во Нотр Дам, но веќе било доцна!

Досега се сослушани околу 30 лица во врска со синоќешниот пожар во катедралата Нотр Дам, соопшти претставник на париското правосудство. Најголемиот дел од нив работеле на реставрација на катедралата.

Според претставникот на париското правосудство, кој побарал да остане анонимен, противпожарниот аларм синоќа се огласил двапати. Првиот пат, неколку луѓе, меѓу кои и пожарникари кои биле постојано на градилиштето, отишле под покривот да видат што се случува, но ништо не откриле. Вториот пат било предоцна, бидејќи ветрот бил пресилен.

На случајот работат меѓу 40 и 50 истражители, но не им е дозволено да влезат во катедралата од безбедносни причини.