Македонија 07. октомври 2019. / 12:42

Расипана плоча

Расипана плоча

ВМРО-ДПМНЕ тргнува на терен, почнува со теренски посети, и промовира нов начин на креирање програма. Гледа Заев, почнува и тој. Но сосема невешто, неавтентично.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Заев го копираше ВМРО-ДПМНЕ во начинот и во пристапот, а го украде слоганот од хрватските социјалдемократи. Копира, но изгледа бледо. Како невешт папагал кој сака да го имитира сопственикот. Слушате некој звуци, но не распознавате зборови. Како расипана плоча, која застанува на еден ист рефрен. Така и Заев.

Граѓаните знаат што може да очекуваат од Заев, три години лаже, суши. Ветуваше брда и долини, автопати, железници, болници, школи, гасоводи и што ли уште не. Си поминаа три години, а ништо не направи. На секоја прозивка од граѓаните, повторува едно те исто, владата е транспарентна. Додека во позадина се прави криминал, па гледаме скандали од типот на Рекет 1 и Рекет 2, буквално се краде на ангро, Заев продава наивност.

И додека се полнат нечии џебови, граѓаните се се посиромашни. Државата се задолжува, а ништо не се гради се е во застој, гледате како некој нови тазе формирани фирми добиваат милионски бизниси.

Правосудниот систем е впрегнат од власта на прав пат за осуда на неистомислениците, додека криминалци се ослободуваат.

И така се во круг, Заев три години повторува исти ситуации. Но на лошата изведба и доаѓа крај. За овој папагал во домот наречен Македонија повеќе нема место. Тоа го кажуваат и анкетите. Граѓаните се се погласни, промените доаѓаат.