Македонија 15. септември 2019. / 21:55

Правото тука одамна умре

Правото тука одамна умре

Веќе три и повеќе години сме земја на правни преседани, кои често се косат и со Устав и со меѓународноправни норми. Трулоста на системот кој од 90 та навака смрди и ги гуши граѓаните во последните три години експлодираше.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Се почна со формирањето на СЈО. Институција која произлезе од политички договор. Со задача да донесе правда, а донесе криминал. Обвинителите кои беа претставувани како нова надеж, станаа исто разочарување како се претходно. Понесени од моќта која за краток временски период ја акумулираа почнаа да уценуваат сведоци, бараа и изнудуваат искази, за на крај преку нив да се врши милионски рекет.

И да ако барате правда, тука одамна ја нема, умрена е. Зошто сум толку сигурен, погледнете што се случуваше потоа. Измислуваа обвиненија и затвораа луѓе без аргументи. Го спроведоа најголемиот монтиран политички процес во Европа по падот на комунизмот, па најдоа терористи во обични луѓе, полицајци, комунални работници и домаќини. Сменија име. И така едно по едно се редеа настаните. А правото? Постојано. Наоѓаа начини да го заобиколат.

Сега сме повторно исправени пред голем предизвик. Дали ќе одиме по патот на компромиси и политички решенија, за спас на одредена група луѓе или овој пат ќе поногнеме да се изгради институција која ќе биде камен темелник на нешто што ќе можеме да го наречеме правда. Бидејќи верувајте, од правдата каква што навистина треба да изгледа навистина сме далеку. Пред се поради големината на државата и испреплетеноста на луѓето, кои го креираат системот. За вистински систем, во кој секок граѓанин би верувал, ни треба време. Но мора од негде да се почне. Сега е време.