Некатегоризирано 01. август 2020. / 11:55

Насоки за продажба на влезници и резервации за Охридско лето 2020

Насоки за продажба на влезници и резервации за Охридско лето 2020

На 4 август во Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено јубилејното издание на најмасовната културна манифестација во земјава, „Охридско лето“. Од Фестивалот  дадоа насоки за продажба на влезници и резервации со оглед на состојбата со Ковид-19.

Влезниците за програмата на 60. Фестивал Охридско лето може да ги купите од денес онлајн на kupikartizase.com и во билетарницата на НУ Охридско лето (на кеј Македонија) која ќе работи секој ден од 10 до 19 часот од 2-ри август.

Информации за продажба на влезници и резервации на е-маил адресаreservation@ohridskoleto.com.mk или на телефонскиот број +389 46 262 304

§  Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски;

§  Задолжителна дезинфекција на влез за секој посетител;

§  Задолжително мерење на температура на влез за секој посетител;

§  Задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители

§  Зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите. Влез за Свеченото отворање и затворање од два часа пред почеток на настанот, влез за останатите фестиваски настани еден час пред настан

§  Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката; Два влеза на Антички театар главен влез и долен влез.

§  Пресонализирање на продадените билети, т.е. регистрација на сите посетители при купување на билет (име и презиме и некоја друга соодветна идентификација).

§  Задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки;

Фестивалот Охридско лето ги почитува препораките за спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19. За секоја изведба ќе се води евиденција на присутните, затоа при купување на влезниците ќе се побара да го оставите Вашето име, презиме и контакт број. Билетарницата има поставено заштитна преграда помеѓу билетопродавачот и посетителот, обезбедено средства за дезинфекција за раце и ознаки поставени на два метри растојание пред секоја каса за наплата, за безбедна, безконтактна продажба.

Со цел да се обезбеди сигурност на публиката и учесниците, ќе биде лимитиран пристапот на фестивалски настани и намален капацитетот соодветно на просторот со обезбедено физичко растојание на посетителите, согласно Протоколот за организација на настан. Кога лимитот ќе биде исполнет, нема да биде дозволен влез.

Го задржуваме правото да не се дозволи влез на настанот за секој кој не ги почитува мерките и го загрозува здравјето на присутните, во овој случај нема да се изврши рефундација на купените билети за настанот.

Поради константните промени на епидемиолошката состојба, се препорачува сите посетители да ја следат веб страницата за последни информации за фестивалските настани, соопштија оттаму.